ЈП „Национални шуми” на социјалните мрежи појасни дека движењето ќе биде дозволено доколку си извадите дозвола во една од нивните подружници, но додаваат и дека ова јавно претпријатие не издава дозволи и не забранува движење во националните паркови и парк-шумата Водно.
Од јавното претпријатие напишаа:
„За да нема недоразбирања за забраната за движење во шума, мало објаснување: Секој може да се движи во шума со претходно добиена дозвола. Дозволите се издаваат во 30 подружници на „Национални шуми”
Националните паркови (Пелистер, Галичица, Шар Планина, парк-шумата Водно) се посебни субјекти и „Национални шуми” за нив не даваат дозвола и не забрануваат движење”
Од претпријатието соопштија дека делумната забрана за движење во шума ќе трае сè до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, а истата не важи за МВР, Шумска полиција, ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми” – Скопје.
извор: skopjeinfo.mk