Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) посочи дека денеска ќе се знае колку ќе изнесува цената на електичната енергија.
Цената по која граѓаните ќе ја плаќаат струјата по 1 јули годинава ќе зависи од тоа колкаво покачување на цената ќе побара универзалниот снабдувач ЕВН хоум, откако ЕСМ, од чија понуда најмногу зависи цената, во петокот понуди цена од 48 e/MWh на тендерот за снабдување на универзалниот снабдувач со електрична енергија за потребите на регулираниот пазар, што е зголемување од седум евра во однос на минатогодишната цена од по 41 евро за мегават-час.
АД ЕСМ, во соопштение до медиумите, објави дека и годинава повторно ќе испорачаат 100 проценти за потребите на граѓаните и малите потрошувачи, иако законот им дава можност да испорачуваат енергија од само 60 проценти од потребите на ЕВН хоме. ЕСМ учествува со околу 32 проценти во цената за крајните потрошувачи.