Доктори, директори, раководители, вработени во јавен сектор, сите што навршиле 64 години заминуваат во пензија. Отстапки нема за никој.
Законот за работни односи се однесува на сите вработени без оглед дали се раководители или директори. Членот 104 од Законот дава можност работниот однос да може да се продолжи и по 64 година, доколу со друг закон е поинаку уредено, односно во здравство и образование.
Иако во законот за работни односи, за вработените во здравството и во високото образование имаше исклучоци за подоцнежно пензионирање, односно на 67 години, за здравствените работници овој закон повеќе не важи, па оние кои имаат 64 години, им се прекинува работниот однос. Од Синдикатот на Клинички центар посочуваат дека министерот за здравство и директорите на здравствените установи немаат законски основ да им го прекинат работниот однос на здравствените работници, кои имаат согласност за продолжување на договорот за вработување.
Ја поддржуваме заложбата на министерот за здравство за вработување на млади доктори и друг здравствен персонал, но во услови на недостиг и одлив на персонал од јавното здравство, тоа треба да биде дел од системско решение, а не на сметка на високостручен кадар неопходен за едукација на овие млади доктори и најмалку треба да се причина за донесување на одлуки спротивни од законот.- велат од Синдикатот.
Министерот за здравство пак, за Сител вели дека за докторите што ќе заминат во пензија, замена ќе има. Над 100 млади доктори што дипломирале последниве две години, со просек над 9, чекаат да бидат вработени.
извор: sitel.com.mk