Здружението на мали дистрибутери на горива во Хрватска најави затворање на бензинските пумпи откако Владата на Хрватска денеска донесе нова одлука и ги замрзна цените на горивата за уште 14 дена. Со новата одлука се фиксираат и големопродажните цени со што, се штитат малите дистрибутери, пишуваат хрватските медиуми.
„Оваа Регулатива подразбира дека малите дистрибутери ќе купуваат и продаваат гориво по иста цена, што значи дополнителни загуби за нас бидејќи не се пресметани нашите трошоци, пред се трошоците за транспорт на гориво. Уште еднаш повторуваме дека натамошниот бизнис на малите дистрибутери е неодржлив под овие услови“, нагласуваат тие.
Фактот дека овие владини мерки ќе предизвикаат и недостиг на гориво, што во никој случај не е добро во туристичката сезона, дистрибутерите апелираат надлежните да дозволат цената на горивата да се регулира во согласност со трендовите на пазарот.
извор: biznisinfo.mk