Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на невреме.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ-индекстот ќе има вредност 8.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 33 степени.
УХМР соопшти дека на повеќе места денеска ќе има нестабилно време, во форма на невреме, а во северните делови ќе има пад на температурата за околу три степени.
Во четврток ќе има преодно стабилизирање на времето. Под влијание на нов влажен бран во петок и сабота ќе биде нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд, значителен пад на температурата, локално во форма на невреме со силни електрични празнења, град и засилен ветер.
извор: skopjeinfo.mk