Состојбата на домашниот пазар на труд никогаш не била попредизвикувачкa. Потребно е многу труд за да се привлечат квалитетни кандидати, па затоа имаме решение за сите компании кои сакаат да направат чекор поблиску до таа цел.
Дури и врапчињата на гранката знаат дека кај нас има реален недостиг од работна сила. Ситуацијата е многу неблагодарна за сите оние работодавачи кои имаат потреба од кандидати, но недостатокот на можности и ресурси ги спречува да работат со полна пареа, да постигнат резултати и да се истакнат меѓу конкуренцијата.
Сепак, постои решение!
За сите работодавачи кои сакаат да го прошират својот досег на пазарот на трудот и да најдат квалитетни кандидати, заедно со нашиот партнер, хрватскиот број 1 портал за вработување - MojPosao и партнерите од регионот го организираме најголемиот онлајн Регионален саем за вработување (од 17 до 21 октомври 2022 година), кој ги опфаќа земјите од регионот: Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Србија.
Какви можности нуди Регионалниот саем за вработување за вашата компанија?
- пристап до потенцијални кандидати во Македонија и регионот
- едноставна и брза комуникација со кандидатите преку chat и видео повици
- истакнување на предностите на вашата компанија како работодавач
- Employer Branding - досег до над 7.200.000 потенцијални кандидати преку штанд на Саемот, огласи на водечки портали и маркетинг кампањи во Македонија и регионот
- креирање на база на податоци за потенцијални кандидати за идни потреби
Дознајте ги најновите трендови на пазарот на трудот
За да не се изгубите во информации за пазарот на трудот, оваа година организираме и посебен вебинар на почетокот на септември со тема „Што се случува на пазарот на труд во регионот и ЕУ“. Вебинарот ќе понуди корисни информации за трендовите на пазарот на трудот, движењето на работната сила надвор и во границите на регионот и ЕУ и други актуелни настани. Наскоро ќе споделиме повеќе информации.
Обезбедете го вашето место како брендиран, ексклузивен или премиум изложувач на Регионалниот саем за вработување со ПОПУСТ од 10% за рана пријава до 31 август 2022 година.