По Европа, погони ќе има и во Америка
Германската автомобилска компанија Volkswagen (VW) започна со работа на првата фабрика за батерии за електрични автомобили, со планови за изградба на повеќе вакви фабрики во иднина.
Водечкиот германски производител на автомобили планира да вработи до 20.000 луѓе во својата нова компанија за производство на батерии PowerCo, која планира да отвори фабрики во Европа и Северна Америка, соопшти Volkswagen.
Предвидено е PowerCo да генерира повеќе од 20 милијарди евра годишна продажба до 2030 година, соопшти компанијата по повод официјалниот почеток со работа на фабриката во Салцгитер, централна Германија.
Канцеларот Олаф Шолц, кој присуствуваше на церемонијата, ја истакна важноста производителите на автомобили повеќе да не мораат да се свртуваат кон Азија за да добијат клучни компоненти за батериите, пренесува Biznis.rs.
„Зависноста во некои стратешки области носи со себе голем ризик и затоа вие во Салцгитер се занимавате со овој посебен бизнис“, изјави Шолц.
Според Радио Слободна Европа, се очекува да бидат отворени 5.000 нови работни места во покраината Долна Саксонија, каде VW веќе вработува речиси 7.000 луѓе во постојната фабрика за мотори.