Од лани до сега, трошоците за живот пораснале за 14,5% покажаа податоците на Државниот завод за статистика
Најголемо зголемување од 31,4% е регистрирано во транспортот, а 20,9% се зголемени цените на храната и безалкохолните пијалаци.
Од друга страна најмал раст на цените има во категориите „образование“ од 0,4% и „облека и обувки“ со раст само од 1,6%.
Според поединечните ставки, гасот и течните горива имаат убедливо најголемо зголемување на цената, за скоро 65%. Висок пораст е забележан и кај маслото, кое поскапело за преку 51%.
Единствени производи на кои во овој период, од лани до јуни 2022 година, им е намалена цената се спортската опрема (-1,6%) и книгите (-1,4%).