Правните служби на три компании за наплата на патарина во Србија, Северна Македонија и Албанија работат на подготовка на договор за експлоатација на електронската наплата на патарина на Отворен Балкан, а потпишувањето се очекува на почетокот на септември.
Kомплетниот развој на системот за електронска наплата како дел од Отворен Балкан е планиран за крајот на летото, односно крајот на септември годинава.
Дробњак објаснува дека „Електронската наплата на патарина на Отворен Балкан“ (Open Balkan ETC) всушност е работа на воспоставување единствен електронски систем за наплата во Србија, Северна Македонија и Албанија.
Тој додава дека во моментов производителите на системи за наплата на патарини во трите земји – Институтот Михајло Пупин во Србија, Аселсан во Северна Македонија и Аутострада во Албанија работат на подготовка на потпишувањето на договорот НДА.
Овие договори подразбираат меѓусебен договор за складирање и размена на податоци, како и за нивната доверливост.
Тој наведува дека натамошните планови за електронска наплата како дел од споменатата иницијатива се да се прошират и во другите земји од Западен Балкан.
Додава дека со сегашниот предлог се планира граѓаните на Србија во Северна Македонија и Албанија да добијат попуст од 5 проценти со користење на уредот ОБ (Отворен Балкан), и обратно за граѓаните на Северна Македонија и Албанија.
извор: biznisinfo.mk