Она што експертите го предвидуваа со месеци, последниве денови почна да се остварува – по неколку години постојан раст до рекордни височини, цените на недвижностите почнаа да паѓаат, а бранот на намалување на цените ги погоди главно пазарите во САД и Германија.
Анализата на Редфин покажа дека во текот на јуни во САД, резултатот е намален за повеќе од 60.000 договорени набавки на куќи за едно семејство, што претставува речиси 15 отсто од зделките склучени на тој пазар.
Сега пандемијата е заменета со инфлација, која достигна 9,1 отсто во САД, што е најголем скок од ноември 1981 година. На повлекувањето на купувачите во овој случај влијаеше и зголемувањето на стапката на Федералните резерви за 75 базични поени во јуни, па просечната задолжителна хипотека за 30 години се зголеми на шест отсто, пишува Poslovni.hr.
Иако експертите сè уште се поделени околу тоа дали ќе има целосен колапс или ова е само продолжување на забавувањето на растот, многу медиуми веста ја дочекаа со коментари како „бумот заврши“ и „играта е завршена“. За падот пишува и германски Шпигел, наведувајќи дека цените на недвижностите во најмалку десетина од најголемите градови во земјата започнале надолна траекторија.