Драги работобаратели,
Во согласност со новите услуги на порталот Vrabotuvanje.com на огласите кои се објавни на страната на Vrabotuvanje.com може да аплицираат само регистрирани корисници. Регистрацијата е целосно бесплатна, а Ви овозможува полесно и побрзо да аплицирате на огласите за слободни работни места.
Вашата корисничка сметка е уредена како Ваш Профил кој воедно може да Ви послужи и како CV со чија помош ќе може да аплицирате на оглас и да приложите Профил без оглед на статусот на приватноста кој е објаснет подолу.
Вашиот Профил, веднаш штом ќе го креирате може да биде видлив на 3 начини:
1) Достапен на сите
• На работодавците кои имаат пристап до базата со CV-а)
• На останатите посетители на страната (регистрирани или нерегистрирани), но само Вашите основни податоци: Име, презиме и наслов на Профилот
• Во овој случај, вашите основните податоци (име,презиме, наслов и слика) се достапни и на пребарувачите само доколку профилот ви е пополнет 36% или повеќе
2) Достапен само на работодавците
• Работодавците кои имаат пристап до базата со CV-а ќе можат да го видат Вашиот Профил
• Останатите посетители на страната нема да ги гледаат Вашите лични податоци кои сте ги навеле: име, презиме и наслов на Профилот
3) Скриен профил
• Вашиот Профил не е видлив ниту за Работодавците кои имаат пристап до базата со CV-а, ниту за посетителите на страната, ниту пак основните податоци како што се име, презиме и наслов на профилот се видливи на пребарувачите.
Изберете ја опцијата: Повлечи ја објавата на Профилот доколку Профилот е веќе објавен или немојте да ја потврдувате “Објави Профил“ опцијата во Вашиот Профил и исклучете ја видливоста на Вашите лични податоци во поставките за приватност.
Напомена: Доколку ја одберете опцијата во поставките за приватност “Основните информации од мојот профил (име, слика, наслов на профил) се видливи за останатите посетители на страната“ при пишување на Вашето име и презиме во google пребарувачот, Вашето име и презиме ќе биде видливо како име на лице кое е корисник на порталот Vrabotuvanje.com и има пополнета корисничка сметка/Профил (слично како и Facebook и LinkedIn) додека пак податоците што ги содржи вашето CV нема да бидат видливи, исто како што нема да бидат видливи и Вашите пријави на огласи за вработување.
Пример: Петар Петровски (Име и Презиме)
Проф. по историја (Наслов на профил)
Опција Мои контакти: доколку сакате да комуницирате и да се поврзете со некој од регистрираните корисници преку Профил на Vrabotuvanje.com тоа можете да го направите преку опцијата Моиконтакти. Откако ќе додадете некое лице во “Мои контакти“, таа личност ќе има пристап до наведените податоци во вашиот Профил.