Поради енормниот раст на трошоците за струја, растот на цената на бензините кој е речиси сто процентен и инфлацијата чие ниво е алармантно имаме драматично зголемување на трошоците во нашето работење.
Повеќе години цените на услугите кои им се нудат на граѓаните се на истото ниво и покрај тоа што трошоците за електрична енергија се покачени за 3 до 5 пати, и покрај тоа што бензините се зголемија за дупло од цената која беше пред година и половина. Нашите биланси се на работ на издржливоста, и во една таква состојба излезот е или покачување на цената на услугите, што и не е наша цел бидејќи тоа ќе падне на товар на граѓаните, или системска помош на владата како начин заеднички да го заштитиме стандардот на граѓаните и да се избегне банкрот и прекинување на давањето на услуги.
Кризата го доведува во прашање нормалното работење и обезбедувањето на комунални услуги и квалитетно снабдување на вода за пиење. Ваквите примери на субвенционирање на трошоците во работењето на притпријатијата од ваков тип на услуги е воведен пример во повеќе европски држави.
Граѓаните не се спремни да се доведат во ситуација за уште еден ценовен удар што би значело повисоки сметки и за вода.