
Последните анализи кои ги направија експертите, укажуваат на ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ бран кој е најавен за од четврток. Ќе има услови за ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ температури на воздухот, но и ЕКСТРЕМНО ВИСОК УВ – индекс со коефициент 10, објави на својот Фејсбук профил Славчо Попоски.
Температурите од четврток па натаму насекаде ќе се искачуваат над 30 степени, додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до 40 степени, а локално дури и ќе надминуваат 40 степени.
Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Пред нас е ГОЛЕМА СУША па затоа внимавајте на природата за да не дојде до евентуална појава на пожари, и секако избегнувајте движење во планина, наведува Попоски.