Илјадници ненаселени станови има во градовите низ Македонија, која е причината?
Од вкупно 839.174 станови во државата, 307.187 или 36,6 отсто се ненаселени, покажа пописот на населението, домаќинствата и становите направен во 2021 година, а објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Ако одиме по градови, во Скопје има 59.300 ненаселени станови, во Куманово 12.586, во Тетово 9.747, во Битола 16.063, во Прилеп 11.094, во Охрид 17.820, во Кавадарци 4.107 ненаселени станови. Статистиката покажува дека во Струмица има 8.570 ненаселени станови, во Струга 10.153, во Берово 4.947, во Неготино 2.057, во Штип 7.115, во Свети Николе 2.144, во Кочани 7.099, во Радовиш 3.831, во Велес 4.147, во Гевгелија 3.534, во Дојран 2.150, во Делчево 2.164, во Пехчево 1.579, во Македонска Каменица 1.109. Бројките покажуваат дека во Виница има 2.682 ненаселени станови, во Валандово 990, во Пробиштип 3.278, во Ресен 4.280, во Гостивар 12.404, во Кичево 12.992, во Дебар 2.512, во Крива Паланка 5.269, во Кратово 2.787, во Демир Капија 901, во Демир Хисар 4.208, во Богданци 713 и во Македонски Брод 2.248. Во Крушево според пописот има 1.302 ненаселени станови.
Агентите за недвижен имот се со различни мислења. Некои сметаат дека станува збор за голема бројка, а од друга страна велат дека високите цени на квадрат, хаосот кој владее општо во државата води до тоа да имаме илјадници празни станови. Дополнително, велат дека акцентот е ставен на главниот град и Охрид, тие се атрактивни места за купување на недвижен имот, но другите места се подзаборавени.
Во однос на податоците за Дојран, сопственик на агенцијата за недвижен имот објаснува дека во овој туристистички град само мал дел од становите се населени преку целата година.
По региони најмногу празни станови има во Југозападниот регион каде од вкупно 51.348 станови над половината се ненаселени.
извор: faktor.mk