![Дали вреди трудот ако полна тракторска приколка бостан чини 1.000 денари?](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/a0/d70ac30a-resize-820x0x100.jpg)
Слаб интерес за бостанот оваа сезона. Производителите се жалат на лош пласман и цени кои се под секоја пазарна логика. На пазарот на големо лубениците се продаваат по цена од 1 до 2 денари за килограм. За една тракторска приколка, во зависност од големината, трговците нуделе од 1000 до 5000 денари. сума која според земјоделците е доволна само за два вреќи вештачко ѓубре.
Разочарани од ваквата состојба, производителите размислуваат од идната година целосно да се откажат од земјоделието.
Ниските цени и лошиот пласман не се единствените проблеми со кои се соочија производителите на бостан оваа година. Пред околу месец половина тие претрпеа и дополнителни штети од невремето со град што го зафати овој регион во кое најмногу страдаше токму производството со бостан.
извор: zelenaberza.com.mk