Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници(„Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 132/2018
за вработување на 9 државни службеници од група I, подгрупа I во Државен архив на Република Македонија за следните работни места
Државен советник за правни работи
Советник за оценување и стручно усовршување
Советник за инспекциски надзор за подрачје на Одделение Охрид
Советник за средување и обработка на архивски материјал – нов период
Соработник за средување и обработка на архивски материјал – нов период
Помлад соработник за заштита на архивскиот материјал кал имателите за подрачје на Одделение Охрид
Самостоен референт за средување и обработка на архивски материјал – нов период
Референт за средување и обработка на архивски материјал – нов период