Владата ја усвои информацијата за исплата на пензиите за месец јули 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците до деловните банки најдоцна до 26 јули, а деловните банки од 27.07.2022 година да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и трговската мрежа.
Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, според постигната согласност од банките ќе се спроведе во четири групи (4 денови) во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно следниот распоред:
- За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.07.2022 година (среда);
- За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.07.2022 година (четврток);
- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.07.2022 година (петок), и
- За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.08.2022 година (понеделник).
извор: mkd.mk