Дрва и пелети има, но трговците не ги продаваат за вештачки да ја зголемат цената. Граѓаните апелираат инспекциите да излезат на терен и да ја проверат состојбата.
Европа го претстави планот кој гласи дека, од 1 август сите земји членки мора да ја намалат потрошувачката на гас за 15%. Со планот, доколку биде прифатен, крајот на месецот се очекува да се обезбеди доволна количина за снабдување на домаќинставата, болниците и клучните индустрии со овој енергенс. Ние сé уште немаме план за справување со енергетската криза, освен препорака, струјата да се штеди.
Парно греење за скопјани ќе има. Деновиве ќе биде објавен тендерот кој да го преземе управувањето со БЕГ, а ќе се бараат пари и за новите мерки за помош на граѓаните. Откако се изгласа ребалансот, сега се подготвува теренот за издавање еврообврзница и барање заеми, но со камата до 7,5%.