Уште еден топлотен бран ја зафати Европа и милиони бизниси и домаќинства се потпираат на клима уред. Но, тие значајно ја оптоваруваат дистрибутивната мрежа, а дополнително го испуштаат вишокот топлина на улиците. Градските власти на австриската престолнина затоа веќе 15 години ја прошируваат мрежата за окружно ладење, а во рок од пет години сакаат да го покријат целиот центар на градот.
Виенската електроенергетска компанија „Виен енерги“ сега го проширува централното ладење на 180 згради, со вкупен капацитет од 200 мегавати. Според компанијата, високоефикасните централни единици за ладење постигнуваат заштеда од 50 проценти CO2 и 70 проценти енергија во споредба со традиционалните климатизери. Благодарение на централното ладење, клима уредите во приватните станбени простори, кои испуштаат вишок топлина на улиците и придонесуваат за создавање урбани топлински острови, стануваат вишок.
До 2025 година, австриската метропола сака да ја прошири мрежата за окружно ладење надвор од централното градско јадро и да инвестира околу 90 милиони евра.
Јуни оваа година беше четвртиот најтопол месец. Во изминатиот месец температурата се искачи вкупно дванаесет пати над 30 степени целзиусови, а бројот на тропски денови е двојно зголемен во последните 30 години.
извор: centar.mk