Државата воведува нови правила за вградување на фотоволтаици на крововите на домаќинствата и малите потрошувачи. Освен што се укинува давачката за мрежарина кога се пушта вишокот на струја во мрежа, Регулаторната комисија за енергетика за Денар открива дека ќе се поедностават и процедурите за добивање на градежна дозвола за инсталирање на фотоволтаикот. Досега во Македонија има околу 500 домаќинства кои инсталирале фотоволтаици над своите домови. Надлежните апелираат дека инвестицијата чини околу шест илјади евра и на краток или среден рок многу се исплаќа.
Од Регулаторната комисија за енергетика за Денар откриваат дека во тек се измени на Законот за градба во кои се бара, домаќинствата кои ќе поставуваат фотоволтаици на своите кровови повеќе да немаат обврска да добиваат решенија од општината за поставување на фотоволтаиците, туку едноставно ќе треба да направат проект и соодветен надзорен орган, кој пред се ќе биде лиценциран од државата и кој веќе постои ќе треба да даде само констатиција дека фотоволтаикот е во ред и не прави никакви проблеми.
Целиот текст прочитајте го на denar.mk