Пред неколку дена во центарот на вниманието се најде сметка од островот Хвар, Хрватска. Имено, една локална пекара наплаќала 800 куни (над 100 евра) за две џамбо пици или 400 куни за една (околу 53 евра).
Значи, не е ресторан, не е пицерија, туку обична пекара на брегот на Хвар, а како што изјави сопственикот за „Слободна Далмација“, цените се такви затоа што имаат „таков бизнис план“.
„Тоа е стара цена. Нашиот ценовник го има, убаво кажува се. Има и поскапи. Џамбо пица маргарита – 320 куни, џамбо феферони – 400 куни, а го имате и овој џамбо хвармикс кој доаѓа 480 куни. Различни додатоци одат нагоре. Одлична пица“, рекол сопственикот, одговарајќи на прашањето како може една пица во пекара да чини и до 500 куни.
„Убаво, можно е, тоа е бизнис планот што го имаме. Ова е нашиот бизнис модел. Цените се слободно формирани. Има уште една пекара на метар од мене и пицата е по 30 куни. Тоа парче се вика pizza cut. А на стотина метри има уште една кафеана со пониска цена – 15 куни. Или 20. Секој човек може да избере, некои секој пат бираат различно – објаснил сопственикот и истакнал дека цената „не е грабеж“.
„Тоа не е грабеж. Го имавме најскапото на стартот. Ако пицата беше 30 куни, кај мене е двојно. И никогаш немало проблем“, додал сопственикот кој открил дека работат 24 часа, а најмногу муштерии се странци.