Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,89 отсто, денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,374 ден/кг и ќе изнесува 52,840 ден/кг.
Од ноќеска на полноќ:
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС ќе чини 95 95,50 (денари/литар);
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 98,00 (денари/литар);
- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 96,00 (денари/литар);
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар);
- Мазут М-1 НС 52,840 (денари/килограм).