Пред помалку од еден век оваа земја била многу сиромашна, а сега е лидер на списокот на најбогати земји во светот, со вкупна популација од 2,6 милиони жители. Околу 14% од жителите се милионери.
Катар започнал да ги искористува енергетските извори во 40-тите години на минатиот век, а претходно таму се живеело од риболов и од вадење на бисери. Катар располага со третина од светските резерви на природен гас, а залихите на нафта му изнесуваат 15 милијари барели.
Денес во Катар се живее удобен живот, каде не постои данок (данок не плаќаат ниту странците кои живеат таму), образованието е бесплатно, исто како и: здравственото осигурување, струјата и водата, а невработеност скоро и да не постои (во 2015 година невработеноста изнесувала 0,1 %).
Државјаните на Катар дозвола за изградба на куќа добиваат за еден ден, а државата им рефундира половина од трошоците за изградбата. Само државјани на Катар може да поседуваат недвижен имот, бидејќи е забрането продавање на земја на странци. За странците е изграден вештачки остров Pearl, во близина на Доха, каде странци можат да купат станови, кои достигнуваат цена и до пола милион долари.
Од 2.600 000 жители, само околу 300.000 се Катарци, па староседелците кажуваат дека младите генерации се фрустрираат бидејќи странци им ги земаат најдобрите работни позиции.
40% од Катарските бракови завршуваат со развод, две третини од жителите патат од гојазност, се зголемува културниот и генерацискиот јаз, а бидејќи се живее брз живот, луѓето поголем дел од времето го поминуваат надвор од своите домови, па децата најчесто ги чуваат негувателки од Филипини, Непал, Индонезија.
Во Катар владее вечно лето, со температури кои често достигнуваат до 47 Целзиусови степени.
Катар има само еден копнен сосед – Саудиска Арабија, со која има потпишано одбранбена спогодба. Државата ја води емирот Тамим бин Хамад ал Тани, кој е најмлад арапски лидер, тој одлучува за сите прашања во Катар, а забранета е било каква критика кон него.
За главниот град на Катар – Доха се вели дека е најбезбеден град во светот. На катарскиот Унивезитет секоја година дипломираат околу 150 момчиња и околу 800 девојки.
Aлкохолот е дозволен само во одредени зони, има климатизиран фудбалски стадион, воедно е и прва арапска земја која доби организација на Светско фудбалско првенство.
Во Катар може да пристигнете со една од најдобрите авионски компании во светот “Qatar Airways”, која лета од Скопскиот Интернационален аеродром и со која ќе слетате на еден од најубавите и најголемите аеродроми во светот – “Hamad International Airport”.