Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија и Одлуката за утврдување потреба од засновање работен однос бр.04-25784/1 од 22 јули 2022 година, Народната банка на Република Северна Македонија распишува
ОГЛАС за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
1. Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на шест (6) извршители, и тоа:
1.1.Три (3) извршители во Дирекцијата за информациска технологија на определено време во траење од 2 години, од кои:
- 1 извршител на работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за поддршка на платните системи;
- 1 извршител на работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за надзор и сигурност на ИС и
- 1 извршител на работното место „помлад програмер“ во Отсекот за програмирање.
1.2.Три (3) извршители на неопределено време, од кои:
- 1 извршител на работното место „програмер I степен“ во Отсекот за програмирање во Дирекцијата за информациска технологија;
- 1 извршител на работното место „помлад статистичар почетен I степен“ во Рефератот за портфолио, директни инвестиции и трговски кредити во Отсекот за прибирање податоци за екстерни статистики во Дирекцијата за статистика и
- 1 извршител на работното место „помлад аналитичар почетен I степен“ во Отсекот за монетарни движења во Дирекцијата за монетарна политика и истражување.
2. Кандидатите за работните места од точка 1, треба да ги исполнуваат следниве општи услови за засновање работен однос, утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место и да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
3. Покрај општите услови за засновање работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:
‒ за работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за поддршка на платните системи во Дирекцијата за информациска технологија: да имаат завршен факултет од областа на техничко-технолошките или информатичките науки, со најмалку 180 кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на платниот промет во земјата, ИТ хардвер, Microsoft Windows Server архитектура, TCP/IP LAN и WAN технологии, Cisco IOS, рутирање (routing), switching, VPN-и и заштитни ѕидови (firewalls), SAN технологии и RAID архитектури, системи за управување со бази на податоци (Oracle и Microsoft SQL Server), PKI инфраструктура, SWIFT архитектура и инфраструктура, одлично познавање на англискиот јазик и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивното познавање на ИТ хардвер, Microsoft Windows Server архитектура, TCP/IP LAN и WAN технологии, Cisco IOS, рутирање (routing), VPN-и и заштитни ѕидови (firewalls), SAN технологии, системи за управување со бази на податоци (Oracle и Microsoft SQL Server), PKI инфраструктура, SWIFT архитектура, корисничко познавање на Microsoft Office (Word, Excel, PowerPoint, Acess) и англиски јазик.
‒ за работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за надзор и сигурност на ИС во Дирекцијата за информациска технологија: да имаат завршен факултет од областа на информатичките науки, со најмалку 180 кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик и познавања од областа на работењето на Народна банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивното познавање на работа со оперативни системи (MS Windows), работа со мрежи и комуникациски уреди (TCP/IP, Cisco IOS), работа со бази на податоци (MS SQL Server), познавање на стандарди за ИТ сигурност (ISO 27001), управување со ИТ услуги (ИТИЛ ИСО20000), управување со ризици и континуитет во работењето.
‒ за работното место „помлад програмер“ во Отсекот за програмирање во Дирекцијата за информациска технологија: да имаат завршен факултет од областа на информатичките науки, со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, владеење на Microsoft развојна околина, работа со бази на податоци MS SQL сервер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивното владеење на Microsoft развојна околина и работа со бази на податоци MS SQL Server.
‒ за работното место „програмер I степен“ во Отсекот за програмирање во Дирекцијата за информациска технологија: да имаат завршен факултет од областа на информатичките науки со најмалку 180 кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 2 години стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, одлично владеење на Microsoft развојна околина, работа со бази на податоци MS SQL сервер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивното владеење на Microsoft развојна околина и работа со бази на податоци MS SQL Server.
‒ за работното место „помлад статистичар почетен I степен“ во Рефератот за портфолио, директни инвестиции и трговски кредити во Отсекот за прибирање податоци за екстерни статистики во Дирекцијата за статистика: да имаат завршен факултет од областа на економските науки со најмалку 180 кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја да бидат тестирани за нивните познавања од областа на економијата и од работењето на Народната банка.
‒ за работното „помлад аналитичар почетен I степен“ во Отсекот за монетарни движења во Дирекцијата за монетарна политика и истражување: да имаат завршен факултет од областа на економските науки со најмалку 180 кредити (VIБ), да бидат со или без работен стаж, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место од оваа алинеја да бидат тестирани за нивните стручни знаења и англиски јазик.
4. Кандидатите за работните места од точка 1 треба да достават:
‒ пријава;
‒ кратка биографија со наведување на официјалната електронска адреса од претходните и тековните работодавачи заради обезбедување препораки преку Прашалник за проверка на референции (доколку е потребно);
‒ доказ за државјанство издаден од надлежниот орган на Република Северна Македонија;
‒ потврда од надлежен орган (Централен регистар на Република Северна Македонија или надлежен суд) којашто изречно ќе гласи дека на лицето не му е изречена казна, забрана за вршење професија, дејност или должност, не постара од шест месеци пред денот на поднесувањето на пријавата (други потврди коишто нема да гласат согласно со наведеното, нема да се прифаќаат);
‒ диплома или уверение за завршено образование;
‒ доказ за работен стаж задолжително за работното место од точката 1 потточка 1.2. алинеја 1, а за останатите работни места од точката 1 само доколку го имаат од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија (други потврди од Агенцијата за вработување нема да се прифаќаат) и
‒ кандидатите за работните места од точката 1 треба да достават доказ за познавање на англискиот јазик (уверение, потврда, друг документ, или свидетелство од образовна институција како доказ дека се учело англиски јазик), а за работните места од точката 1 потточка 1.2. алинеја 2 и 3 и доказ за познавање работа со компјутери (уверение, потврда, друг документ, или свидетелство од образовна институција како доказ дека се учело работа со компјутери).
Сите докази може да бидат доставени во копија.
5. Работното време, во работната недела за работните места од точка 1 започнува помеѓу 8,00 и 9,00 часот, а завршува помеѓу 16,00 и 17,00 часот, освен за работното место од точка 1 потточка 1.1 алинеја 1, кое е организирано во смени помеѓу 7,00 и 21,00 часот.
6. Во согласност со Колективниот договор на ниво на Народната банка, со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1 потточка 1.1. кои имаат работен стаж и за првпат склучуваат договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец, а доколку кандидатите немаат работен стаж, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење на приправнички стаж во времетраење од најмногу 12 месеци.
Со кандидатот кој ќе заснова работен однос на работното место од точка 1 потточка 1.2. алинеја 1, кој за првпат склучува договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец.
Со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1 потточка 1.2. алинеи 1 и 2, кои имаат работен стаж и за првпат склучуваат договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месеци, а доколку кандидатите немаат работен стаж, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време со вршење на приправнички стаж во времетраење од најмногу 12 месеци.
7. Договорот за вработување склучен на определено време, може да се продолжи со анекс кон Договорот, во согласност со одредбите од Законот за работните односи.
8. Висината на основната (нето) плата:
‒ за работните места помлад систем инженер во Отсекот за поддршка на платните системи, помлад систем инженер во Отсекот за надзор и сигурност на ИС и помлад програмер во Отсекот за програмирање во Дирекцијата за информациска технологија изнесува 44.576,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 22.733,00 денар, а за време на приправничкиот стаж изнесува 70% од основната (нето) плата, односно 31.472,00 денари;
‒ за работното место програмер I степен во Отсекот за програмирање во Дирекцијата за информациска технологија изнесува 52.355,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 26.617,00 денар;
‒ за работните места помлад статистичар почетен I степен во Рефератот за портфолио, директни инвестиции и трговски кредити во Отсекот за прибирање податоци за екстерни статистики во Дирекцијата за статистика и помлад аналитичар почетен I степен во Отсекот за монетарни движења во Дирекцијата за монетарна политика и истражување изнесува 27.564,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 13.929,00 денари, а за време на приправничкиот стаж изнесува 70% од основната (нето) плата, односно 19.556,00 денари.
9. Рокот за доставување на документите изнесува седум работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.
10. Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.
11. Ненавремената документација нема да биде разгледувана.
12. Пријавата и Изјавата за согласност за обработка на личните податоци[1] се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Северна Македонија.
Бараните документи да се достават до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија на бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, Скопје.