Во насока на забрзување и олеснување на протокот на стоки, од 1 октомври ќе биде во функција измената на увозната царинска постапка која ќе овозможи за еден час, ако е правилно поднесена потребната декларација и доколку е подмирен царинскиот долг, стоката по автоматизам да биде пуштена во слободен промет.
Во првите седум месеци од годинава фреквенцијата на возила и патници на граничните премини за влез и излез од државата е зголемена за 45 проценти, а конкретно на „Табановце“ за 30 отсто.
Моментно на „Табановце“ функционираат 10 ленти – две за камиони, една за автобуси која повремено се користи и за патнички возила и уште седум ленти за патнички возила. Дигитализацијата и електонската сигнализација ќе бидат приоритети за уште поголема ефикасност на овој граничен премин.
извор: kurir.mk