Сајтот за понуда и побарувачка на работа во Ирска, Jobs.ie, открива кои вештини се вреднуваат кај работниците од речиси секој работодавач.
Не би било лошо да ги примените, доколку сакате да постигнете успех на идното работно место, односно интервју за работа.
На прво место е мотивацијата.
– Кога работодавaчот ќе види дека сте мотивирани да работите, тој веднаш е спремен да ве вработи.
За време на пандемијата се покажа колку вработените ја ценат флексибилноста, иако во друга насока во споредба со нивните шефови. Но, доколку најдете компромис, обидете се да се сретнете со претпоставениот и со колегите.
Ако релативно лесно се прилагодувате на промените во компанијата, работниот распоред и задачите – тоа е дефинитивно голем плус.
Вниманието на деталите е вештина која на многумина им недостига.
Додека се обидуваат да ги „одработат“ главните делови од работата, работниците често пропуштаат ситници кои можат да бидат многу важни. Искусните шефови можат да го ценат тоа.
Исто така, секој работодавач, несомнено, сака вработен кој е комуникативен, кооперативен, добар тимски играч. Сето ова е дел од т.н социјалната интелигенција. Треба да знаете како да се поврзете со луѓето и да градите добри односи.
Без разлика колку сте добри во вашата работа, ако имате лош карактер или едноставно „не можете да се справите со луѓето“ – нема да бидете конкурентни.
извор: biznisinfo.mk