Од ЈП Лајка-Скопје потсетуваат дека преку електронската апликација може да пријавите бездомно куче за хуман третман во прифатилиштето.
Приоритет ќе имаат кучињата кои се повредени, проблематични и за стерилизација, со цел спречување пораст на популацијата на бездомни кучиња на улиците во градот Скопје.
Инаку проблемот со кучињата скитници и натаму е актуелен меѓу скопјани. Секојдневно во полицискиот билтен има пријави за каснувања од улични кучиња.
Ова е апел, да бидеме хумани кон животните, и да пријавме за нивно згрижување и хуман третман од страна на надлежните.
извор: skopjeinfo.mk