Купувачите сега можат да пробуваат чевли од удобноста на своите домови благодарение на Amazon. Гигантот за е-трговија ја пушти во употреба својата нова функција Virtual Try-On for Shoe со цел да го олесни онлајн-купувањето за своите корисници.
Купувачите сега можат да пробуваат обувки и да видат како ќе им стојат од сите агли пред да ги купат, а сето тоа да го направат од удобноста на својот дом.
Може да се пробуваат обувки од стотици бизниси како Adidas, Reebok, Puma, Lacoste, Asics и New Balance со функцијата Virtual Try-On for Shoe, која засега е достапна само за корисниците на iOS во САД и во Канада.
Процесот е едноставен. Откако ќе се избере еден пар чевли, ги позиционирате нозете според сензорот на телефон. Потоа виртуелно чевлите кои ви се допаднале се поставуваат на вашите нозе, каде што може да се гледаат од сите страни. Купувачите можат и да ја сменат бојата на своите чевли со едноставно допирање на екранот.
извор: inovativnost.mk