Високите летни температури претставуваат вистински предизвик за приготвување и зачувување на храната, особено кога се работи за брзо и лесно расиплива храна. Ова особено се однесува на јајцата, па се поставува прашањето како тие треба да се чуваат за да бидат свежи и безбедни за употреба што е можно подолго.
Она што се подразбира е дека јајцата, особено во текот на летото, секогаш треба да ги чувате во фрижидер, бидејќи таму температурата е оптимална и константна, односно нема нагли варијации. Исто така, кога ќе ги извадите јајцата од фрижидер за да ги користите, не ги оставајте на собна температура подолго од потребното. Ладно јајце оставено на собна температура ќе почне да се „поти“, што ќе го олесни развојот на бактериите.
Оставете ги во картонска кутија
Најдобар начин за чување на јајцата е да ги чувате во нивната оригиналната кутија и во фрижидер, пишува Index.hr. Картонските кутии ја намалуваат загубата на вода и ги штитат јајцата од апсорпција на вкусовите на другите намирници во фрижидерот. Не ги чувајте во вратата, за да не се загреат или оладат при отворање на фрижидерот.
Свежите јајца може да се чуваат во фрижидер до шест недели, но секогаш проверувајте го датумот на истекување на рокот назначен на кутијата или, доколку сте ги купиле на пазар, означете го датумот со маркер.