Директорката на УЈП за Канал 5 вчера истакна и дека од 1 јануари 2023 ќе има зголемување на лимитот на парични средства кои граѓаните можат да ги добијат од апликацијата „Мој ДДВ“ од постоечките 1.800 денари на 2.100 денари, со тенденција сумата повторно да се зголеми во 2024 на 2.400 денари.
Новата верзија на апликацијата „МојДДВ” е достапна за корисниците на „Хуваеи” и „Ајфон”, а се чека одобрување уште од „Плеј стор”, напоменувајќи дека апликацијата има нови правила и политика на приватност.
Во меѓувреме, како алтернатива корисниците може да ги користат баркод читачите и скенерите во сите подрачни единици на УЈП.
Апликацијата има нови правила, политика на приватност, како и огромен број корисници поради што се одолговлекува процесот за проверки.
извор: infomax.mk