Идејата за неносење вратоврска е всушност да се чувствувате помалку стегнато, да ви биде поудобно, помалку топло а тоа значи и дека клима уредите нема да мора да бидат вклучени на пониска температура а и генерално употребата на климите исто така ќе биде намалена што значи дека ќе помогне во одредена зачувување на енергијата.
Шпанскиот премиер Педро Санчез ги повика граѓаните на неговата земја да се откажат од носење вратоврски за да заштедат енергија. На навидум чудно барање и тој самиот дал пример , излегувајќи на прес-конференцијата во петокот во сино одело и бела кошула, без никаква вратоврска, пишува IANS.
Пред да го заврши своето обраќање пред медиумите, тој потенцирал дека самиот не носи вратоврска, нагласувајќи дека секој може да заштеди на енергија. А побарал и од сите министри, и јавните носители на функции и оние од приватниот сектор да го следат примерот доколку веќе не почнале.
„Кога не е потребно, не користете ја вратоврската, бидејќи и на овој начин ќе се справиме со заштедата на енергија што е толку неопходна за нашата земја“, рекол Санчез.