И покрај кризата и зголемените цени, голем дел од луѓето вложија во недвижности чии цени вртоглаво растат. Граѓаните од регионот купуваа дури и во Трст, но и во Грција.
Само српските граѓани се смета дека во последните неколку месеци купиле 15.000 станови на грчки Халкидики.
Кој купува станови во Грција?
Најчесто се купуваат станови. Важно е станот да биде блиску до море или барем да има поглед на море – околу 50 квадрати, да има една соба и една спална соба, една бања.
Има и такви што издаваат, но истражувањата покажуваат дека најчесто се купува недвижен имот и дека најмногу се користи во летните месеци. Друга причина за купување е тоа што планираат нивните деца да студираат во Грција.
Која е процедурата?
Постапката не се разликува многу што се однесува за странските државјани, но проблеот се јавува кога треба да се комуницира, односно тоа е грчкиот јазикот, затоа што повеќето документи се на грчки јазик. Затоа се ангажираат агенти и адвокати.
Адвокатите се многу важен фактор за да можат да им предложат што треба да прават, на што да внимаваат, да им помогнат во процесот на документирање, да им кажат која од сметките треба да ја отворат овде, каде да се пријават итн.
Колку е данокот?
Експертите велат дека данокот при купување недвижен имот е три отсто, а данокот што се плаќа секоја година зависи од повеќе фактори.
Во зависност од тоа каде се наоѓа имотот, на кој кат се наоѓа и неколку други параметри – данокот е од три до седум евра за метар квадратен. Значи не е голема сума што ја одвојувате годишно. Ако имате стан од 50 квадрати ќе плаќате данок од 150 годишно до 200 евра.
извор: vecer.mk