Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34 % во однос на одлуката од 8.8.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 4,114 %, кај дизелот 2,263 %, кај екстра-лесното масло 3,513 % и кај мазутот намалување 1,290 %.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија 2,00 денара/л.
Малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V) и на мазутот М-1 НС не се менуваат.
Од 12.8.2022 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 88,00 (денари/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 90,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 85,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 52,786 (денара/килограм)
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,005 %.