Малите куќи се сè попопуларни денес, иако таквиот начин на живот бара бројни компромиси
Да се живее во мала куќа, без разлика дали е фиксна, монтажна или мобилна, секако е предизвик. На површина од не повеќе од 15 квадратни метри, тесно е дури и за годишен одмор, а особено кога е неопходно постојано да се живее на таков начин - пишува Kanal5.
Семејството Евелин, излезе со оваа идеја за намалување на просторот. Станува збор за семејство со дури шест деца, а ваквиот предизвик звучи како невозможна мисија. Не е за нив, затоа што решиле да си ја направат куќата на тркала од автобус, дури двокатен.
Во продолжение погледнете ја видео репортажата за нивната куќа на тркала која на два ката има два посебни тоалета, туш кабина, место за спиење, учење и игра и кујна со апарати за домаќинство. Има место и за машина за перење, а посебно изненадување се крие на покривот каде има ограден простор за рекреација на отворено со соларни панели.