Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација” – Скопје.
За анализа биле земени 220 примероци за физичко-хемиска и 220 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 54 мерни места во Град Скопје.