Сезонска авиолинија на релацијата Манчестер – Охрид најавува за следното лето авиокомпанијата ТУИ Ервејс (TUI Airways).
Според објавата во распоредот на авиокомпанијата, летовите ќе се реализираат еднаш неделно, во периодот од 31 мај до 20 септември следната година.
Годинава бројот на летови на сезонските авиолинии годинава е зголемен и на двата македонски аеродрома во однос на лани. На Меѓународниот аеродром Скопје од јануари заклучно со јули се реализирани 457 сезонски лета, за 55 проценти повеќе од лани, кога имало 294 летови, а на Аеродромот „Свети Апостол Павле“ Охрид 831 сезонски лет, што е зголемување за 136 проценти во однос на истиот период минатата година кога имало 352 сезонски лета.