Индиецот Тунгнат Чатурведи ги тужел железници, затоа што во 1999 година му наплатиле билет кој бил поскап за 25 центи. Место 70 рупии тие му го наплатиле 90. Чатурведи ги добил по 22 години, а судот пресудил дека од железници треба да му исплатат 15.000 рупии, 188 долари.
Судот пресудил камата од 12%. Според пресудата, доколку износот не му биде исплатен во рок од 30 дена, каматата ќе порасне на 15%. Чатурведиј вели дека пресудата била слатка одмазда.
„Енергијата и времето кои ги изгубив борејќи се со овој случај, едноставно немаат цена“, рече тој.
Случајот го нагласи преоптоварениот судски систем на ИНдија, каде околу 40 милиони случаи имаат проблеми со системот. Познато е дека на судовите им е потребно и од 10 до 15 години за да донесат пресуда.
Она што изненадува е упорноста на Чатурведиј, кој и покрај релативно малата сума околу која се спорел, успеал да стигне и до врховниот суд, кога првично бил отфрлен.
Неговото семејство го убедувало дека е бесмислено губење време и пари, иако самиот се застапувал и немал трошоци за адвокат.
„Не ми се важни парите. Овде исклучиво станува збор за правда и борба против корупција, така што вредеше“, рече Индиецот.
Еднакво изненадува тоа што индиската железница која е најголем работодавец во земјата, одлучила да продолжи да се бори против овој случај.