Пивото е најпопуларниот алкохолен пијалок во светот, во голема мера благодарение на неговата достапност во споредба со коктели или вино. Сепак, сите, од мултинационалните производители на пиво до малите пивски компании предупредуваат на претстојните зголемувања на цените.
Во Обединетото Кралство, на пример, истражувањето на консултантската фирма CGA покажа дека просечната цена на пивото пораснала за 70 отсто од светската финансиска криза.
Просечната цена за 568 милилитри пиво се зголеми од 2,30 фунти (4,05 долари) во 2008 година на 3,95 фунти (5,10 американски долари) во 2022 година.
Во Лондон, еден паб во просек наплатувал неверојатни 8,06 фунти (10,24 долари) по пинта (пинтата е мерка за волуменот на пивото, најчесто се користи во англиските пабови. Претставува универзална чаша за пиво што ги поддржува сите услови за правилно консумирање пиво).
Сепак, Лондон е далеку од најскапото место за купување пиво. Тој е седмиот најскап главен град, според Светскиот индекс на пиво за 2021 година, кој ја анализираше цената на пивото од локалните супермаркети и хотелските лоби.
Токио, Берн, Париз, Пекинг, Аман и Доха се на врвот на листата на најскапи места за купување пиво, а една пинта чини речиси 20 долари во главниот град на Катар.