Федералниот суд во Атланта, САД, донесе одлука на просјак да му се исплатат 100 милиони долари, бидејќи полицаец пред четири години го соборил со шок-пиштол на земја, по што човекот при падот си го повредил вратот и останал парализиран, пишува nezavisen.mk.
На тешко повредениот Џери Блесингејм (69), му е потребна 24-часовна нега што чини милион долари годишно, па досега има доспеано медицински сметки од 14 милиони долари, наведува неговиот адвокат. Поротата одлучи дека полицаецот Џон Грабс употребил прекумерна сила против Блесингејм, кој просел пари пред возач на автомобил, на 10 јули 2018 година.
По инцидентот тој останал парализиран од вратот надолу.