Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за три денари, со што цената се враќа над 100 денари и ќе биде 101,5 денари за литар, со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РЕК).
Последен пат дизелот беше 100 денари на 22 јули, а најскап беше 24 јуни кога беше 110 денари.
Бензините поскапуваат за половина денар, па така Еуросупер 95 ќе биде 89,50 денари за литар, а Еуросупер 98 ќе биде 92 денари.
извор: novamakedonija.com.mk