Надлежните усвоија измени на Законот за градење во делот на монтирањето на фотоволтаици. Поради енергетската криза се намалуваат дел од бирократските процедури. Со новите измени за поставување фотоволтаици, инвеститорите ќе имаат задача само да ја известат матичната општина и да достават извод од централен регистар доколку се работи за фирма, или копија од лична карта ако се работи за физичко лице.
„Фотонапонските електроцентрали ќе можат да бидат поставени кај домаќинствата до 6 киловати и кај правни лица до 40 киловати, додека на колективните згради може да се постават од страна на заедницата на станари, но електричната енергија да се користи само за заедничките простории“, изјави министерот за транспорт и врски за АЛСАТ.