Пилотите на германската авиокомпанија Луфтханза најавија штрајк за петок, откако не постигнаа договор за платите со раководството, објави Синдикатот на пилотите.
Најавениот штрајк дополнително ќе ја усложни ситуацијата на европските аеродроми кои летово се во хаос поради недостигот на персонал, големиот број патници и честите штрајкови на вработените.
Синдикатот на пилотите (Vereinigung Cockpit, VC) изјави дека преговорите за платата пропаднале и најавија дека штрајкот ќе ги вклучи пилотите во превозот на патници и карго на сите летови на Луфтханза од Германија.
Веќе ова лето, штрајковите и недостигот на персонал ги принудија авиокомпаниите, вклучително и Луфтханза, да откажат илјадници летови и да предизвикаат часови одложувања, фрустрирајќи ги туристите желни да патуваат во пресрет на пандемијата со „Ковид-19“.
VC за повеќе од 5.000 пилоти бара зголемување на платите за 5, отсто оваа година и раст прилагоден на инфлацијата потоа.
„И денес не добивме доволна понуда. Ова е пропуштена шанса“, изјави портпаролот на синдикатот Матијас Баер.
Минатиот месец, раководството на Луфтханза постигна договор за зголемување на платите на персоналот на земјата, откако нивниот штрајк ја принуди компанијата да откаже повеќе од 1.000 летови.