Деведесет и петгодишниот Александар Веретнов од Краснојарск, го освои регионалното првенство во атлетика меѓу ветераните. Истрача 800 метри за осум минути и триесет и осум секунди.
Година дена претходно, учествувал и на натпреварот „Јенисеј Батјушка“, каде поминал пет километри за 54 минути и 17 секунди. Рече дека целиот живот се занимавал со спорт, само заради здравјето.