Со новото законско решение од 1 јануари 2023 година и со конкуренција што ќе се јави со појавата и на други даватели на платежни услуги треба да се стави ред во надоместоците и придонесите што ги наплаќаат банките, а чиј износ, според податоците од Народната банка, значително се зголемува.
Податоците покажуваат дека во првото полугодие од годинава банките собрале од камати 156 милиони евра, а од провизии и надоместоци 76,14 милиони евра, односно износ што е речиси половина од оној на каматите. Пред две години, односно на крајот од првото полугодие 2020 година, приходите од каматите биле 152,3 милиони евра, а од провизиите и надоместоците биле 55,3 милиони евра, а тоа е околу една третина од износот собран од каматите.
Од Народната банка за „Слободен печат“ изјавија дека централните банки вообичаено немаат законска можност директно да влијаат врз банкарските надоместоци што во услови на пазарна економија се деловна одлука на банките, но дека делуваат индиректно преку поттикнување на поголема конкуренција, особено во делот на платежни услуги.
Целата содржина прочитајте ја на slobodenpecat.mk