Помалку мед – повисока цена, виновни климатските промени.
Oд телевизија telma.com.mk известуваат:
Помали количини природен мед и повисока цена. Годинава пчеларите се жалат на намалени приноси на мед во некои предели на земјава, поради климатските промени. Воедно велат дека биле принудени и да ја покачат цената на истиот, поради зголемените трошоци, па една тегла мед сега се продава од 800 до 1.000 денари.
„Сите се жалат дека „дали пчелите ви одат на бензин“, но ако сакате да имате мед од чиста околина тогаш мора пчеларот да оди секојдневно на своите пчеларници за да ги опслужува пчелите. Пчеларите од Македонија оваа година влегоа со големи загуби и затоа оваа година има помалку мед, проблемот е од климатските промени но и од несериозноста“, изјави Владимир Петровски, од здружението на пчелари „полошки мед“.
На рафтовите во маркетите и на пазарите има голем избор на мед, но претежно тоа увозен или без потврда за неговиот квалитет, велат пчеларите.
Значи мора да се извршат делатни анализи што точно се продава, од страна на институциите и да се санкционираат таквите продавачи. Значи има голем број на фалсификуван мед којшто се увезува, кој што се произведува тука, додаде Петровски.
За сузбивање на нелојалната конкуренција министерот за земјоделие, Љупчо Николовски, вели дека од идната недела ќе се формира работна група, која ќе работи токму во таа насока, за субвенции да добиваат само сериозни пчелари.
Со цел промоција на природниот и квалитетен мед, „Здруженијета Полошки мед“ и „Градот на пчелите“, по 4-ти пат во Тетово, организираат Меѓунарден фестивал на медот. Во просториите на Државниот универзитет денес органолептичка комисија оценуваше примероци мед на 260 пчелари од 21 земја. Мострите ќе се анализираат и лабораториски по што ќе се објават победниците.