Земјоделски имот во Чикаго може да се пофали со најголемиот лавиринт во светот посветен на 60 - годишнината од најпознатиот агент на Тајната служба - 007.
Како што објаснува косопственикот на Ричардсон Авантурс Фарм, Џорџ Ричардсон, секоја година тие го посветуваат лавиринтот во нивните полиња со пченка на различни личности и теми.
„Оваа година славиме 60 години од Џејмс Бонд, што е многу забавна тема за нас“, нагласува Ричардсон.
Сложениот лавиринт зафаќа површина од повеќе од 11 хектари, со премини долги 16 километри.
Ликот на Џејмс Бонд, или агентот 007, првпат бил создаден од писателот Иан Флеминг во 1953 година.
Првиот филм за Бонд, “Доктор Но”, во кој глуми Шон Конери, беше објавен во 1962 година.
До денес се снимени вкупно 25 филмови кои заработиле над седум милијарди долари, што ги вбројува во првите пет филмски серии со најголема заработка.
Ричардсон објаснува дека лавиринтот е создаден со помош на трактори за пченка опремени со GPS и високотехнолошка опрема.
„Тоа е прилично тежок процес, но, знаете, тоа е многу забавно“, вели Ричардсон. „Големо задоволство е кога ќе го видите резултатот, навистина е неверојатно.
Ако лавиринтот не е доволно примамлив за љубителите на 007, Ричардсон вели дека на отворањето ќе биде прикажан и модел на Aston Martin од 2002 година управуван од Пирс Броснан во Die Another Day.