Некои теми се едноставно чудни и непријатни за да се разговараат, како на пример дискутирање за платата за време на интервју за работа.
Секако, не сакате да изгледате како кандидат кој мисли само на платата, но исто така не сакате да дадете до знаење дека може да се задоволите со помалку од останатите кандидати.
Дали треба да ја споменете вие таа тема или треба да чекате работодавачот да ја преземе таа задача?
А, ако вие ја започнете темата, како и кога треба да го направите тоа?
Секоја ситуација е различна и одговорите на овие прашања може да варираат зависно од околностите, но еве неколку општи правила:
Одберете го добро времето
Проблемот со спомнувањето на платата прерано, е тоа што фокусот ќе се оттрге од тоа зошто се трудите да бдиете вработени.
Целта на интервјуто е да ја убедите компанијата дека вие сте најдобриот кандидат за работата. Со тоа што ќе ја споменете платата, пред да ја постигнете оваа цел, ризикувате да направите парите да изгледаат како клучна точка во разговорот, наместо тоа да биде изборот за најдобар кандидат и дали вие одговарате за во организацијата.
Затоа, најдобро е да чекате додека не добиете некоја понуда, или барем да има силни знаци за тоа дека ќе има некаква понуда, па потоа да ја започнете темата.
Доколку веќе мора вие да го поставите прашањето, еден од начините е да кажете: „Јас сум многу заинтересиран/а за понудата и работата во вашата компанија и сигурен/а сум дека ќе успеам да се справам со предизвиците. Може ли да ми кажете кои се моите придобивки од позицијата?“.
Дозволете му на работодавачот да го постави прашањето
Доколку сте несигурни за тоа кога и како да прашате за парите, најдобро е да оставите тој чекор да го направат работодавачите. Но, тоа не значи дека вие треба да бидете пасивни на темата.
Барачот на работа треба да биде подготвен за разговор за платата, затоа што работодавачот може да ја отвори таа тема, дури и пред да даде понуда.
Многу често се случува тие да ги прашаат кандидатите кои се нивните барања за плата, бидејќи на тој начин може да ги издвојат кандидатите кои не одговараат на она што компанијата е подготвена да плати.
Имајте подготвено некој опсег
Кога темата ќе биде отворена, одговорете за посакуваната плата со опсег од-до. На тој начин, нема да погрешите, како на пример кога би кажале една сума, која може да биде или преголема или прениска.
Можете да одлучите кој ќе биде опсегот врз база на истражување на просечни плати за таа позиција во таа индустрија и слично.
Знајте си ја вредноста
Независно кој ќе ја отвори темата за плата, треба да знаете колку вредите за да бидете подготвени да ја кажете вашата поаскувана плата и да преговарате доколку има потреба. Тоа што ќе ја знаете и цените вашата вредност, ќе ви помогне во преговорите да бидете пореалистични.