Ќе се одржат велосипедска трка – „Куп на Град Скопје 2022“ и прв меѓународен детски фолклорен фестивал „Златен вез 2022“.
Министерството за внатрешни работи информира дека на утре со почеток во 16 часот ќе се одржат велосипедска трка – „Куп на Град Скопје 2022“ и прв меѓународен детски фолклорен фестивал „Златен вез 2022“ поради што ќе има посебен сообраќаен режим во Градот.
Според МВР утре од 16 часот во организација на Велосипедската федерација на Македонија ќе се одржи велосипедска трка – „Куп на Град Скопје 2022 и тоа по следнава траса: старт на ул.„Димитрие Чуповски“ кај порта „Македонија“, право по ул.„11-ти Октомври“ кон зградата на Собранието до крстосница со ул.„Филип Втори Македонски“, лево по ул.„Филип Втори Македонски“ до влезот на ГТЦ. Понатаму се поминува под ГТЦ и се доаѓа до Порта Македонија каде се продолжува право по ул.„Димитрие Чуповски“ се до крстосница со ул.„Даме Груев“ кај Палома Бјанка и назад по ул.„Димитрие Чуповски“ се до стартно-целната позиција.
Во организација на фолклорен ансамбл „Григор Прличев“ ќе се одржи прв меѓународен детски фолклорен фестивал „Златен вез 2022“ со зафаќање на јавна површина на дел од ул.„Ѓорче Петров“ на потег од крстосницата со ул.„Никола Пушкаров“ до крстосницата со ул.„Македонска Војска“ во Скопје.
Пораади ова ќе има посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните.
Извор: libertas.mk