Родителите бараат МОН да изнајдат решение и да отворат други паралелки, со цел да се растерети бројот на ученици.
Ако часот трае 40 минути, а наставничката треба да го запише часот, тука губи 5-10 минути, па така ѝ останува само по една минута време за секое дете, велат родителите.
Вината не е кај наставниците, не е виновно ниту училиштето, не се виновни ниту родителите, туку вината стои во образовниот систем. Потребна е суштинска реформа и треба да се почне од градинките. Бројот на ученици во паралелките треба да се намали што е можно поскоро. Нема елементарни услови за работа со 30 ученици, 15 би било идеално, велат родителите.
ТВ 21 побара став од МОН, но од таму не добивме никаков одговор. Пренатрупаност на паралелки има низ училишта во скоро сите скопски општини, а истото се случува и со детските градинки. Дали и кога ќе се реши овај проблем, одговор треба да дадат надлежните.