Компанијата Мета објави дека социјалната мрежа Фејсбук ќе добие Комјунити Чатс, нова опција која ќе им овозможи на корисниците полесно да организираат разговори на тема која ги интересира.
Како дел од новата опција, прозорците за разговор ќе можат да се организираат околу објави, теми, настани и да ги користите за поврзување со луѓе надвор од вашиот социјален круг.
Покрај текстуалниот дел, новата опција ќе има поддршка и за аудио и видео канали, така што луѓето опционално ќе можат да го вклучат микрофонот или камерата за да ги „повикуваат“ другите.
За разлика од групите на истата мрежа, овде побрзо ќе можете да добивате одговори на прашања за одредена тема, а ќе има и администратори кои ќе се грижат се да биде културно и цивилизирано. Ова вклучува вметнување зборови што се забранети во прозорецот за разговор, како и блокирање на секој што не ги почитува правилата.
Сето ова е донекаде инспирирано од системот што го има Дискорд, каде што прозорците за разговор се организираат околу една видео игра или тема, а Мета најавува дека нивната нова опција ќе вклучува сè поспецифични теми и со тоа ќе донесе помал број луѓе со најмногу слични интереси.
Извор: centar.mk